Министерството за транспорт и врски распиша објави за јавно наддавање за давање под краткотраен закуп на плажи на Дојранското Езеро и на Охридското Езеро во Општина Струга. Станува збор за 18 плажи на Дојранско Езеро - капалишта за кои почетната цена на јавното наддавање изнесува 1 денар по квадратен метар, пресметана како годишна закупнина, додека под краткотраен закуп се 12 плажи на Охридското Езеро во Општина Струга за кои почетната цена изнесува 55 денари по квадрарт, пресметана како годишна закупнина. Рокот за доставување на пријавите за учество на јавните наддавање трае до 3 мај 2010 година. Во согласност со насоките и упатствата за уредување на плажите, за користење на плажата закупецот е должен да овозможи слободен влез за посетителите, т.е да не се наплаќа надоместок за плажата, исто така закупецот е должен пред отпочнување на дејноста да набави фискална каса, да достави доказ за лица во работен однос и соодветни дозволи за обавување на дејноста во согласност со урбанистичко-техничката документација.
Министерството за транспорт и врски распиша објави за јавно наддавање за давање под краткотраен закуп на плажи на Дојранското Езеро и на Охридското Езеро во Општина Струга.
Станува збор за 18 плажи на Дојранско Езеро - капалишта за кои почетната цена на јавното наддавање изнесува 1 денар по квадратен метар, пресметана како годишна закупнина, додека под краткотраен закуп се 12 плажи на Охридското Езеро во Општина Струга за кои почетната цена изнесува 55 денари по квадрарт, пресметана како годишна закупнина. Рокот за доставување на пријавите за учество на јавните наддавање трае до 3 мај 2010 година.
Во согласност со насоките и упатствата за уредување на плажите, за користење на плажата закупецот е должен да овозможи слободен влез за посетителите, т.е да не се наплаќа надоместок за плажата, исто така закупецот е должен пред отпочнување на дејноста да набави фискална каса, да достави доказ за лица во работен однос и соодветни дозволи за обавување на дејноста во согласност со урбанистичко-техничката документација.
Исто така, од страна на закупецот потребно е постојната и планираната песочна површина да се уреди во соодветна градежна рамка, да се изнивелира и попесочи со соодветен автохтон песок, постојното зеленило максимално да се почитува и дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди. Сервисниот пункт е потребно да содржи минимум 2 тушеви и санитарни јазли, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.